Аракчи: САД треба да изберат помеѓу прекин на огнот и продолжување на војната преку Израел

Аракчи: САД треба да изберат помеѓу прекин на огнот и продолжување на војната преку Израел

пред 2 часа

Условите на примирјето меѓу Соединетите Американски Држави и Иран се многу јасни и САД мора да изберат дали сакаат прекин на огнот или не, изјави денес иранскиот министер за надворешни работи, Абас Аракчи.

„Иранско-американските услови се јасни и експлицитни. САД мора да изберат, или ќе има прекин на огнот или продолжување на војната преку Израел. Тие не можат да ги имаат и двете“, напиша Аракчи на својот профил на мрежата Икс. Тој истакна дека целиот свет ги гледа масакрите во Либан.

„Топката е во дворот на Америка, а светот гледа дали ќе се држи до своите обврски“, објави Аракчи.

Претходно, Иран прогласи „историска и разорна победа“ над САД и Израел по 40 дена војна, велејќи дека Вашингтон бил принуден да прифати ирански предлог кој вклучувал прекин на огнот, укинување на санкциите и повлекување на американските борбени сили од регионот.

И покрај прекинот на огнот, израелските сили започнаа жестоки напади врз Либан, погодувајќи 100 цели во рок од 10 минути. Во нападите загинаа најмалку 254 Либанци, а најмалку 1.165 беа повредени, пренесуваат медиумите во светот.

Текстот Аракчи: САД треба да изберат помеѓу прекин на огнот и продолжување на војната преку Израел е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top