Астронаут објави фотографија од пожарите во Грција направена од вселената

пред 5 години

Францускиот астронаут Томас Пескет, кој моментално се наоѓа на Меѓународната вселенска станица (ИСС), на „Твитер“ објави фотографија од пожарите во Грција.

На фотографијата се прикажани пожарите што го зафатија полуостровот Пелопонез во јужна Грција.

„Пелопонез пред неколку дена – гори. Пожарите сѐ уште траат. Нашите мисли од ИСС се со оние што во моментов страдаат од пожарите во Калифорнија и јужна Европа“, напиша Пескет.

Share
Scroll to Top