„Афера Ибица“: ФПО ќе побара да му се изгласа недоверба на Курц

пред 3 години

Австрискиот парламент денеска ќе одржи вонредна седница, која требаше да биде посветена на „непослушноста“ на министерот за финансии Гернот Блимл, кој дури по повикот на австрискиот претседател Александар ван дер Белен ја проследи бараната документација до истражниот комитет, но се чини дека сè ќе биде во знак на обидот на опозицијата да му изгласа недоверба на канцеларот Себастијан Курц.

Опозицијата планираше да покрене тужба против министерот Блимел, која, имајќи ги предвид сличните случаи во минатото, има малку шанси за успех.

Во меѓувреме, се отвори „нов фронт“ за опозицијата да ја нападне владата со покренување истрага против канцеларот Курц за наводни лажни изјави пред истражниот комитет во врска со аферата Ибица. Партијата на слободата на Австрија (ФПО) има намера да поднесе барање за недоверба на Владата.

Социјалдемократската партија на Австрија (СЈО) и Неос засега нема да поддржат такво барање, иако претходно поднесоа тужба против Курц до Обвинителството за борба против корупцијата и економскиот криминал.

Меѓутоа, ако против Курц се покрене обвинение, ситуацијата ќе се промени, објавија двете опозициски партии. СЈО и Неос имаат намера најпрво да го „нападнат“ Блимл и од ФПО е најавено дека  ќе поднесат тужба против министерот.

Народната партија на канцеларот Курц во Австрија (ОВП) застана зад својот шеф и ја нападна опозицијата, пред сè СЈО и Неос, додека коалицискиот партнер Зелени беше воздржан.

Share
Scroll to Top