Ахмети утрово на кафе во Приштина, според објава на социјалните мрежи

Ахмети утрово на кафе во Приштина, според објава на социјалните мрежи

пред 2 години

На социјалните мрежи објавена е фотографија од лидерот на ДУИ, Али Ахмети, и генералниот секретар на партијата во угостителски објект во Приштина.

„Утринско кафе во Приштина со лидерот на народот, татковината и албанската нација, мојот пријател Али Ахмети и генералниот секретар на ДУИ, Фатон Ахмети“, пишува во објавата на социјалните мрежи.

Претходно, во Косово замина и најблискиот соработник на Ахмети, Артан Груби, кој се бара поради случајот со криминалот во „Државната лотарија“. Обвинителството вчера побара притвор за поранешниот вицепремиер, а во моментот се чека одлуката на судот.

Во земјата не е ниту првоосомничениот, ексдиректорот на „Државната лотарија“, Прперим Бајрами, за кого некои од медиумите објавија дека исто така се наоѓа во Косово.

Текстот Ахмети утрово на кафе во Приштина, според објава на социјалните мрежи е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top