Спасувач – почетник, 17-годишниот Џон Малинс е нападнат од ајкула на 45 метри од плажата Оушн бич (САД), додека имал вежби. Додека тинејџерот правел вежби во водата, за стапалото го гризнала ајкула за која официјалните службеници потврдиле дека се работи за тигреста ајкула со големина од околу 1,5 метри, пренесува „Њујорк пост“.
var ai_block_div = document.getElementsByClassName (‘ai-viewports’); ai_insert_code (ai_block_div [ai_block_div.length – 1]);
„На почетокот почувствував болка, адреналинот веднаш би проработе“ рекол Малинс за „Њуз12“.
Останатите спасувачи успеале да му помогнал и да го одведат на копното, по што бил пренесен во болница каде му биле санирани повредите.
Малинс раскажал за ужасот кој го почувствувал кога помислил дека ајкулата го следи и повторно може да го нападне.
„Мислев дека ме следи, почнав да паничам“ изјавил тој.
Спасувачите забраниле капење на таа плажа еден час по нападот. Потоа, на луѓето им било дозволено да влегуваат во вода, но само до појас.
Овој инцидент е сличен на оној од пред една недела во кој спасувачот Зак Гало (33) бил нападнат од ајкула и заработил повреди на градите и раката.