Барние: Трговскиот договор за Брегзит носи стабилност

пред 3 години

Главниот преговарач на ЕУ за Брегзит, Мишел Барние, рече дека трговскиот договор со Велика Британија е олеснување и обезбедува стабилност за луѓето и компаниите.

„Обезбедивме правилен Брегзит“, изјави Барние за Радио Френсинфо, додавајќи дека склучувањето на договорот една недела пред крајниот рок, кој истекуваше кон крајот на годината, донесе малку стабилност.

Барние изјави дека има уште некои елементи што треба да се дефинираат во идните односи на ЕУ со Велика Британија, вклучително и надворешната политика, пренесува „Ројтерс“.

Велика Британија и Европската Унија постигнаа трговски договор на 24 декември.

Договорот беше постигнат само една недела пред крајот на транзицискиот рок на Брегзит, односно конечното излегување на Велика Британија од ЕУ.

Share
Scroll to Top