Башар ал Асад: Војната во Сирија сè уште не е завршена

пред 4 години

Војната во Сирија не е завршена, а лидерите на терористите сакаат таа да трае долго време, изјави сирискиот претседател Башар ал Асад. Во интервју за „Спутник“, тој рече дека терористите контролираат одредени региони во Сирија и вршат разни видови злосторства и убиства. Асад додаде дека сириската армија е целосно зависна од руско оружје. „Пред две години започнавме со имплементација на план за модернизација на нашата армија и таа модернизација имаме намера да ја спроведеме во соработка со руското Министерство за одбрана, бидејќи нашата армија се потпира на руското оружје со децении“, рече сирискиот претседател. Тој не сакаше да каже кои видови руско оружје е заинтересирана да ги купи неговата земја.

Share
Scroll to Top