Во телефонски разговор со неговиот руски колега Владимир Путин, американскиот претседател Џо Бајден му предложил да одржат состанок во трета земја, објави Белата куќа.
„ Претседателот Бајден ја потврди својата цел: да изгради стабилни и предвидливи односи со Русија во согласност со интересите на САД и предложи одржување на самит во трета земја во текот на следниот месец за да се разговара за целиот спектар на прашања со кои се соочуваат САД и Русија“, се наведува во изјавата.
За време на телефонскиот разговор, Бајден изрази загриженост за „наглото“ зголемување на руските воени сили на границата со Украина.
„ Бајден ја истакна непоколебливата посветеност на САД за поддршка на суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина“, се заклучува во соопштението.