Бајден го поздрави исходот од изборите во Франција, најави средба со Макрон

пред 2 години

Американскиот претседател Џозеф Бајден изјави дека го поздравува исходот од француските избори и дека денеска ќе разговара со новоизбраниот претседател на Франција, Емануел Макрон.

„ Го поздравувам исходот од француските избори“, изјави Бајден пред новинарите, пренесе „Ројтерс“.

Макрон вчера ја победи екстремно десничарската противкандидатка Марин Ле Пен со солидна разлика, освојувајќи 58,54 отсто од гласовите.

Share
Scroll to Top