Бајден денеска се консултираше со сојузниците за Украина

пред 3 години

Американскиот претседател Џо Бајден денеска се консултираше со своите сојузници за најновите случувања во врска со руската инвазија на Украина, соопшти Белата куќа.

Целта на повикот беше „да се разговара за континуираната поддршка за Украина и напорите Русија да биде одговорна меѓу сојузниците“, се вели во соопштението.

Во меѓувреме, руските сили го зазедоа првиот град во источна Украина како дел од новиот, голем напад што официјален Киев го опиша како битка за Донбас.

Соединетите Држави веруваат дека сегашните акции на руските сили се вовед во поголеми офанзивни операции во источна Украина – истакна висок американски функционер.

Бајден денеска зборуваше со канадскиот премиер Џастин Трудо, претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен, францускиот претседател Емануел Макрон, германскиот канцелар Олаф Шолц, генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг, британскиот премиер Борис Џонсон и полските и јапонските лидери и Италија.

Share
Scroll to Top