Бајден и Зеленски во петокот разговарале речиси еден час, тврди Си-ен-ен

пред 2 години

Си-ен-ен денеска објави дека украинскиот и американскиот претседател разговарале 49 минути во петокот и дека Зеленски побарал дополнителни санкции против Русија.

„За време на нивниот последен разговор украинскиот претседател Зеленски побарал од американскиот претседател Џо Бајден дополнителни санкции за да се создаде посилен притисок врз Русија“, дознава Си-ен-ен.

Според неколку извори запознаени со повикот, Зеленски побарал од Бајден понатамошни напори да се отсече Русија од меѓународната трговија и да продолжи да ја таргетира руската елита. Во исто време, САД продолжија да додаваат повеќе олигарси и нивните семејства на списокот со санкции.

Според Си-ен-ен, Зеленски за време на повикот ја споменал и забраната за пристап на Русија до меѓународните водни патишта.

Бајден детално му ги опишал на Зеленски најновите санкции што планира да ги објави, како и потегот за укинување на повластениот трговски статус на Русија со САД.

Зеленски му се заблагодарил на Бајден за санкциите и го повикал да продолжи да го зголемува економскиот притисок врз Кремљ.

Share
Scroll to Top