Бајден и Меркел ја повикаа Русија да ги повлече војниците од украинската граница

пред 3 години

Германската канцеларка Ангела Меркел и американскиот претседател Џо Бајден ја повикаа Русија да ги повлече војниците од украинската граница заради деескалација на ситуацијата во регионот, изјави денеска портпаролот на германската влада Штефен Зајберт.

Русија и Украина одржаа истовремени воени вежби во средата, додека министрите за надворешни работи и одбрана на НАТО започнаа итни разговори за акумулирањето на руските трупи во близина на украинската граница, според „Ројтерс“.

Меркел и Бајден разговараа по телефон за последните случувања во источна Украина и ја повикаа Русија да избегне каква било понатамошна ескалација.

„Канцеларката и претседателот се согласија дека Русија треба да ја намали најновата акумулација на војници за да придонесе за деескалација на ситуацијата“, рече Зајберт.

Во Вашингтон, портпаролката на Белата куќа Џен Псаки изјави дека Бајден разговарал со рускиот претседател Владимир Путин во вторникот за да ги нагласи последиците од руските активности.

Share
Scroll to Top