Бајден му порача на претседателот на Мексико дека ќе ја смени американската имиграциска политика

пред 4 години

САД планираат да направат пресврт во „драконскиот“ пристап на администрацијата на Трамп, кон имиграцијата и повеќе да се справат со причините за иселувањето, му рече американскиот претседател Џо Бајден на својот мексикански колега, соопшти Белата куќа.

Во телефонскиот разговор со Андрес Мануел Лопез Обрадор, Бајден го истакна неговиот план за создавање нови можности за легална имиграција и подобрување на процесот за барателите на азил, соопшти Белата куќа. Приоритет е „пресврт во драконската имиграциска политика на претходната администрација“, се вели во соопштението.

Двајцата водачи се согласија да соработуваат за да се намали „илегалната миграција“.

Мексико ќе игра голема улога во плановите на имиграционите реформи на Бајден. На почетокот на овој месец, Мексико помогна да се задржи голем караван мигранти што се упатуваат кон САД во Централна Америка.

Мексиканското Министерство за надворешни работи исто така соопшти дека започнало преговори со Вашингтон за регулатива во врска со ковид-19, потпишана од Бајден за воспоставување посилни здравствени протоколи за луѓето што влегуваат на територијата на САД.

Share
Scroll to Top