Бајден назначи специјален пратеник за Северна Кореја

пред 4 години

Американскиот претседател Џо Бајден назначи специјален пратеник за решавање на прашањата поврзани со Северна Кореја и вети дека ќе ја координира политиката кон Пјонгјанг во тесна соработка со јужнокорејската влада.

По состанокот со јужнокорејскиот претседател Мун Џе-ин во Вашингтон во петокот, Бајден рече дека го назначува амбасадорот, Сун Ким, за специјален пратеник, и дека САД и Јужна Кореја се подготвени да преземат прагматични чекори за намалување на тензиите на Корејскиот полуостров.

Шефот на американската држава додаде дека за време на разговорите со јужнокорејскиот лидер станало збор за заеднички пристап кон Северна Кореја, како и за постојаната закана од нуклеарната и ракетната програма на Северна Кореја.

„Двајцата сме длабоко загрижени за ситуацијата на полуостровот“, рече Бајден и додаде дека нивна цел е целосната денуклеаризација.

Share
Scroll to Top