Бајден нареди испраќање оружје во Украина, кое чини 350 милиони долари

пред 2 години

Американскиот претседател Џо Бајден му нареди на Државниот секретаријат да ослободи оружје во вредност од 350 милиони долари од американските залихи за Украина која се соочува со руска инвазија, третото одобрение за извоз на оружје.

Според американските медиуми, Бајден му наредил на државниот секретар Антони Блинкен да одвои 350 милиони долари за помош на одбранбените способности на Украина според Законот за меѓународна помош. Украина бара противтенковско оружје Javelin и противвоздушни ракети Стингер

Блинкен изјави дека ова трето одобрение за извоз на оружје во Украина е без преседан. Пентагон соопшти дека оружјето вклучува противтенковско и лесно оружје, панцири и разни видови муниција за да помогне во одбраната на Украина. Портпаролот на државниот секретаријат, исто така, рече дека оружјето вклучува и противвоздушни системи.

Блинкен рече дека САД обезбедиле повеќе од 1 милијарда долари помош за Украина во текот на изминатата година.

И други држави испратија воена помош за Киев, чија армија се соочува со руска инвазија.

Холандија ќе испрати 200 противвоздушни ракети „Стингер“ во Украина што е можно поскоро, соопшти холандската влада во писмо до парламентот. Белгија ќе испрати 2.000 митралези и 3.800 тони гориво.

Германија, која долго време не извезува оружје во воените зони, одобри испорака на 400 ракетни фрлачи од Холандија во Украина, соопшти Министерството за одбрана во Берлин, промена на политиката откако Германија се соочи со критики за одбивањето да испрати оружје во Киев.

Франција одлучи да испрати одбранбена воена опрема во Украина за да ја поддржи во одбраната од руската инвазија, изјави портпаролот на француската војска, додавајќи дека се уште се размислува за испорака на офанзивно оружје.

Share
Scroll to Top