Бајден: САД ќе и дадат на Украина напредни ракетни системи

пред 2 години

Американскиот претседател Џо Бајден рече дека Соединетите Држави ќе ѝ дадат на Украина понапредни ракетни системи и муниција за „попрецизно да ги гаѓаат клучните цели на бојното поле“.

var ai_block_div = document.getElementsByClassName (‘ai-viewports’); ai_insert_code (ai_block_div [ai_block_div.length – 1]);

Според написот во Њујорк Тајмс, Бајден рекол:

– Брзо почнавме да и испраќаме на Украина значително количество оружје и муниција за да може да се бори на бојното поле и да биде во најсилна можна позиција на преговарачката маса.

Висок претставник на администрацијата на Бајден изјави во текот на денот дека Соединетите Држави ќе ѝ дадат на Украина високоподвижниот артилериски ракетен систем М142 (ХИМАРС) и дека тоа ќе ги подобри способностите на Киев на бојното поле додека се бори против руските напаѓачи.

– Украинците ќе ги користат овие системи за да го одбијат руското напредување на украинска територија, но тие нема да се користат на цели на руска територија – изјави претставникот на новинарите, пренесуваат светските агенции.

Share
Scroll to Top