Бајден се закани: Ќе има последици за Кина поради кршење на човековите права

пред 3 години

Американскиот претседател Џо Бајден порача дека ќе има последици за Кина поради крешење на човекови права.

Тој наведе дека за тоа разговарал по телефон и со претседателот на Кина, Џинпинг.

„ Ќе има последици за Кина“ порача Бајден за време на синоќешното телевизиско обраќање на Си-ен-ен.

Бајден одговараше на прашања кои се однесуваат на муслиманското малцинство Ујгури во западниот регион Синџијанг.

САД повторно ќе ја преземе главната улога во борба за човековите права, нагласи Бајден, додавајќи дека ќе работи со меѓународната заедница Кина да го заштити малцинството.

„ Кина се обидува да стане светски лидер, но за да станете тоа, мора да стекнете доверба кај останатите земји. Се додека сте вмешани во активности кои се косат со основните човекови права, ќе биде тешко да станете лидер“ оцени Бајден.

Share
Scroll to Top