Американскиот претседател Џо Бајден ќе се приклучи на денешната онлајн средба на претседателите на источното крило на НАТО, а домаќин е главниот град на Романија, Букурешт.
Повеќето ја споделуваат загриженоста во врска со обидот на Русија да го поврати влијанието во регионот, по тензиите што се појавија откако Русија го анектираше Крим во 2014 година, се наведува.
Романскиот претседател Клаус Јоханис, домаќинот на собирот, на Твитер изјави дека е среќен што е домаќин на Бајден и дека состанокот е подготовка за собирот на НАТО следниот месец (14 јуни во Брисел).
Групата Букурешт девет се состои од Романија, Полска, Унгарија, Бугарија, Чешка, Словачка, Естонија, Летонија и Литванија.