Бебе застрелано од мало дете кое во паркиран автомобил посегнал по наполнет пиштол во САД

Бебе застрелано од мало дете кое во паркиран автомобил посегнал по наполнет пиштол во САД

пред 3 часа

Бебе  било застрелано и убиено од мало дете кое додека биле во паркиран автомобил посегнал0 по наполнет пиштол и го повлекло чкрапалото, соопшти полицијата.

Пукањето се случило  на паркинг во близина на медицински центар во Сан Антонио, Тексас.

Во возилото имало три деца и една жена, изјави началникот на полицијата на Сан Антонио, Вилијам Мекманус.

„Деца на возраст од 3, 2 години и 10 или 11 месеци биле во задниот дел на возилото“, рече тој.

Едно од постарите деца се фатило за наполнет долг пиштол што бил во задниот дел на возилото и „случајно го повлекол чкрапалото“, пукајќи во најмалото дете, рече началникот.

„Ова што го имаме денес овде е ужасна, страшна трагедија“, рече Мекманус на брифинг со новинарите.

Текстот Бебе застрелано од мало дете кое во паркиран автомобил посегнал по наполнет пиштол во САД е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top