Белата куќа: Војната ќе заврши кога Иран ќе биде доведен до безусловно предaвање

Белата куќа: Војната ќе заврши кога Иран ќе биде доведен до безусловно предaвање

пред 2 часа

Портпаролката на Белата куќа, Каролин Ливит, изјави дека војната ќе заврши кога Иран ќе биде доведен во ситуација на „безусловно предавање“, иако, како што рече, режимот не мора тоа јавно да го признае.

„Тоа значи дека Иран и понатаму може да упатува закани, но тие закани ќе бидат празни“, изјави Ливит на прес-конференција.

Таа додаде дека американската војска во моментов преминува на „разградување на иранската инфраструктура за производство на ракети“.

„Нашите бомбардери Б-2 неодамна фрлија десетици бомби од 900 килограми врз длабоко закопани ракетни позиции“, рече Ливит.

Портпаролката на Белата куќа истакна и дека претседателот на САД, Доналд Трамп, е посветен на обезбедување слободен проток на нафта низ Ормускиот теснец.

Таа повтори дека претседателот предложил американската морнарица, доколку е потребно, да ги придружува танкерите.

„Американската војска разработува дополнителни опции по директивата на претседателот Ормускиот теснец да остане отворен“, изјави Ливит.

„Нема јавно да ги изнесувам тие опции, но знајте дека претседателот не се плаши да ги употреби“, додаде таа.

Ливит изјави дека војната против Иран на крајот ќе доведе до пониски цени на горивото.

„Последниот раст на цените на нафтата и гасот е привремен, а оваа операција на долг рок ќе резултира со пониски цени на горивото“, рече таа.

Фото: Depositphotos

Текстот Белата куќа: Војната ќе заврши кога Иран ќе биде доведен до безусловно предaвање е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top