Белата куќа: Нормализацијата на односите меѓу Саудиска Арабија и Израел ќе биде долг процес

пред 2 години

Белата куќа објави дека подобрувањето на врските меѓу Израел и Саудиска Арабија ќе биде во фокусот на претстојната посета на американскиот претседател Џозеф Бајден на Блискиот Исток, но дека нормализирањето на односите ќе биде долг процес.

var ai_block_div = document.getElementsByClassName (‘ai-viewports’); ai_insert_code (ai_block_div [ai_block_div.length – 1]);

Во среда Бајден ќе ги посети Израел и Западниот Брег, а во петок ќе отпатува за Саудиска Арабија, јавуваат американските гласила.

Израелските власти се надеваат дека ќе ги подобрат односите со Саудиска Арабија за време на посетата, но американскиот советник за национална безбедност Џејк Саливан ги омаловажи надежите за пресврт, пишуваат медиумите.

„Секое нормализација ќе биде долг процес“, им рече Саливан на новинарите во понеделникот.

Бајден ќе биде првиот американски претседател кој директно ќе отпатува од Израел во Саудиска Арабија, истакнуваат израелските медиуми.

Тој го опиша тој лет, во авторската статија објавена во Вашингтон пост, како „мал симбол“ на одмрзнувањето на врските меѓу Израел и арапскиот свет и „чекор кон нормализација“.

Саливан рече дека самиот директен лет е значаен и необичен чекор и вети дека може да се случи поголема интеграција.

Израелскиот министер за одбрана Бени Ганц неодамна изрази надеж дека за време на посетата на Бајден може да се постигне напредок во напорите за изградба на регионален воен сојуз против Иран, во кој ќе биде вклучена и Саудиска Арабија.

Ганц зборуваше за напорите предводени од САД за воспоставување регионален пакт за противвоздушна одбрана меѓу Израел и неговите арапски сојузници во регионот против заканата од ирански беспилотни летала и ракети.

Алијансата, наводно, ќе ги вклучи ОАЕ, Египет, Јордан, Бахреин, Саудиска Арабија и Катар.

Тој смета дека посетата на Бајден ќе биде можност да се забрзаат овие напори, објавија светските агенции.

Share
Scroll to Top