Белорусија: Западот се подготвува за војна, Полска ќе биде примарна цел во случај на конфликт

пред 2 години

Неодамнешните воени чекори на Западот, особено активностите во Полска, во суштина се подготовки за војна, изјави Руслан Косигин, шеф на главниот разузнавачки оддел на Генералштабот на белоруските вооружени сили.

var ai_block_div = document.getElementsByClassName (‘ai-viewports’); ai_insert_code (ai_block_div [ai_block_div.length – 1]);

„Целата серија на воени подготовки на Западот, вклучително и оние што се случуваат на територијата на Полска, сведочат за систематската воена активност на Вашингтон и Брисел, која ја покриваат под изговор дека се обидуваат да ја задржат заканата од исток, додека всушност создаваат механизми за групирање на војниците во најкус можен рок и за нивно можно користење во одредени оперативни области“, рече Косигин, пренесува ТАСС.

Косигин, кој е и заменик-началник на Генералштабот на белоруските вооружени сили, исто така вели дека овие активности се всушност подготовки за ангажман на армијата на источното крило на НАТО.

Тој додаде дека Полска и балтичките земји „се претвораат во полигон каде што САД планираат да започнат уште еден крвав конфликт во Европа против Руската Федерација и нејзините сојузници“, пренесе ТАСС.

„Постоењето на овие планови е потврдено со тековната оперативна и борбена обука, во која се практикува трансфер на војници, формирање на оперативни групи, нивна употреба и сеопфатна поддршка, додека Русија и Белорусија се сметаат за противници“, рече Косигин.

Тој изјави и дека тековните подготовки за распоредување на европскиот сегмент на американскиот систем за противракетна одбрана заслужуваат посебно внимание од Белорусија и додаде дека НАТО деновиве ќе пушти во употреба база за антиракетна одбрана во Полска.

„Некои полски политичари бараат историските полски земји да и се вратат на Полска, мислејќи на западните области на Украина и Белорусија“, рече Косигин.

Во случај на провокации од Запад, одговорот на Белорусија ќе биде пропорционален и остар, изјави Косигин и додаде дека „Полска мора да разбере дека во случај на конфликт, таа земја и нејзината воена инфраструктура ќе станат примарна цел на напад“.

Share
Scroll to Top