Белорусија распоредува војници на границата со Украина, потврдиле белоруските вооружни сили

пред 2 години

Белорусија ќе распореди трупи за специјални операции во три области во близина на границата со Украина, соопштиле белоруските вооружени сили, објавија светските агенции.

var ai_block_div = document.getElementsByClassName (‘ai-viewports’); ai_insert_code (ai_block_div [ai_block_div.length – 1]);

Соопштението на вооружените сили дојде во време кога претседателот Александар Лукашенко зборуваше за улогата на ракетите од руско производство во зајакнувањето на одбраната на Белорусија, пренесува Ројтерс.

Официјален Минск со месеци се жали дека земјите-членки на НАТО го засилуваат своето воено присуство во близина на границите на Белорусија, а одговорија со зголемување на обемот и интензитетот на сопствените воени вежби, пренесува медиумот.

Началникот на Генералштабот на белоруската армија Виктор Гулевич изјави дека бројот на војници на НАТО во близина на белоруската граница е двојно поголем и дека неговата земја распоредува противвоздушни, артилериски и ракетни единици за вежби на запад на нејзината територија.

Лукашенко изјавил дека Москва се согласила да му помогне на Минск во производството на проектили слични на Искандер кои Русија ги користела во Украина и дека сака Белорусија да продолжи да ги користи руските ракетни системи земја-воздух С-400 и С-300.

„Ние сме реалисти, разбираме дека нема да можеме да го победиме НАТО, но можеме да предизвикаме штета, особено на оние територии од кои ќе бидеме нападнати“, кажал Лукашенко.

Share
Scroll to Top