Белорусија со обвинение против Софија Сапега за поттикнување омраза

пред 4 години

Белорусија денеска официјално поднесе обвинение против Софија Сапега, руска државјанка и девојка на белорускиот новинар и дисидент Роман Проташевич.

Белорускиот истражен комитет објави дека ја обвини Сапега за поттикнување социјална омраза, закани кон полицаец и кршење на законот за приватност на податоците, објави државната новинска агенција Белта, пренесува Ројтерс.

Обвинението беше покренато повеќе од шест месеци откако Проташевич и Сапега беа уапсени во мај, на летот на Рајанер од Атина за Вилнус, кој белоруските власти го принудија да слета во Минск.

Share
Scroll to Top