Берлинската болница потврди – Навални дефинитвно бил отруен со „новичок“

пред 4 години

Германската болница „Шарите“ во Берлин денеска го објави конечниот извештај за случајот со рускиот дисидент Алексеј Навални, потврдувајќи дека тој бил отруен со воениот отров „новичок“.

Руските власти ги отфрлија ваквите тврдења, велејќи дека не нашле цврсти докази оти Навални бил отруен од „новичок“, хемиско оружје развиено за време на советската ера.

Во извештај објавен оваа недела во медицинското издание „Лансет“, тимот од болницата „Шарите“ соопшти дека отров „новичок“ бил пронајден во крвта на Навални откако тој бил примен во болницата во август.

„Лабораторијата на германските вооружени сили назначена од Организацијата за забрана на хемиско оружје откри воен отров од групата ‘новичок’ во крвта земена веднаш откако пациентот беше примен во болницата ‘Шарите’“, се вели во извештајот.

Според германскиот болнички тим, 44-годишниот Навални едвај го преживеал труењето.

„Неговото добра здравствена состојба пред труењето веројатно имаше клучна улога во неговото закрепнување“, се вели во извештајот.

На Навални одеднаш му се слоши додека патуваше на домашен лет во Русија на 20 август, по што два дена беше лекуван во болница во сибирскиот град Омск, пред да биде пренесен во Берлин.

Share
Scroll to Top