Германија се приклучи кон американската позиција кон Иран, откако германскиот министер за надворешни работи Јохан Вадефул побара Техеран повторно да го отвори Ормутскиот теснец и да ја прекине својата нуклеарна програма, пренесе Ал Џезира.
„Како блиски сојузници на Соединетите Американски Држави, ја делиме истата цел: Иран мора целосно и проверливо да се откаже од нуклеарното оружје и веднаш да го ослободи Ормускиот теснец, како што бара и американскиот државен секретар Марко Рубио“, напиша Вадефул на платформата X.
Изјавата доаѓа во период на зголемени тензии меѓу Вашингтон и европските сојузници, откако американскиот претседател Доналд Трамп изрази незадоволство од неподготвеноста на дел од европските лидери да се приклучат на американско-израелската линија против Иран.
Минатата недела и германскиот канцелар Фридрих Мерц упати критики за војната со Иран, оценувајќи дека иранското раководство ги „понижува“ САД и посочувајќи на недостаток на јасна стратегија од Вашингтон.
Текстот Берлин испрати јасна порака до Иран: Откажете се од нуклеарната програма и отворете го Ормускиот теснец е превземен од МАКФАКС.






