Берлин ја повика Турција да избегнува провокации во Медитеранот

пред 4 години

Германскиот министер за надворешни работи Хајко Мас ја повика Турција да престане со циклусoт провокации во источен Медитеран.

Анкара испрати брод за тестирање на природен гас на Медитеранот, ризикувајќи да ја оживее кризата со Грција.

„Ако навистина би се истражувал турски гас во најконтроверзните области на источен Медитеран, тоа би бил голем чекор назад во напорите за деескалација“, рече германскиот министер, кој е во посета на Грција и Кипар за да разговара за тензиите.

Анкара мора, како што истакна, „да го прекине циклусот на провокации ако владата е заинтересирана за преговори, како што постојано уверуваше“, рече шефот на дипломатија на Германија, која во моментов е претседава со ЕУ.

Берлин исто така бара од Турција да не го затвора прозорецот за дијалог што штотуку се отвори со Грција поради еднострани мерки.

Турција вчера објави дека го враќа на море бродот „Орук Реис“, кој треба да истражува природен гас во близина на грчките острови, што предизвика сериозни дипломатски и воени тензии во август и септември.

Тие тензии ќе бидат на агендата на Европскиот самит в четврток и петок во Брисел.

Share
Scroll to Top