Бернард Анри Леви: Путин е непријател, мора да ја прифатиме Студената војна и да ја спречиме доминацијата на Русија и Кина

пред 3 години

Контроверзниот и оспоруван француски филозоф Бернар Анри Леви, познат по својата посветеност на либералниот интервенционизам, повика на отворен конфликт со Москва и Пекинг, за да не се „живее во свет во кој доминираат Русија и Кина“.

Според него, конфликтот меѓу Русија и Украина достигна точка на вриење, а Путин се однесува како непријател кон Западот. Ако Американците не сакаат да видат повторно мапиран свет во кој доминираат Кина и Русија, тогаш мора да почнат да се грижат за тоа што се случува во Украина.

– Она што го гледам е чин на војна и уцена од Владимир Путин. Тој повеќе не е партнер на Европа. Тој повеќе не е противник. Тој се однесува како непријател. И во последните денови имавте низа изјави со кои и се заканувавте на Европа со тотална војна. Ова е многу, многу сериозна ситуација која далеку ја надминува судбината на Украина“, изјави Бернар Анри Леви .

– Ние (Западот) немаме избор. Ние не живееме во светот на ангелите. Следниот чекор би можел да биде во Тајван или на некое друго место, а целата карта на светот ќе се промени. Ќе живееме во свет во кој доминираат Кинези и Руси. Дали тоа го сакаат американските гласачи? Ако сакаме мир, мора да ја прифатиме Студената војна“.

Share
Scroll to Top