Францускиот филозоф и писател Бернар-Анри Леви смета дека човештвото веќе влезе во раната фаза на нова светска војна и дека, покрај Блискиот Исток и Украина, набргу ќе се отвори нов фронт и на Тајван.
Во интервјуто за „Политико“ тој рече дека им се восхитува на Соединетите Американски Држави затоа што тоа е „оживување на општествениот договор на Жан-Жак Русо“ изразувајќи го својот презир кон длабокиот антиамериканизам што ја обзема Европа, особено Франција.
Филозофот верува дека наводната империја на Америка и нејзините демократски сојузници се под „жесток напад од лабав, но сè поцврст фронт“, кој се состои од Кина, Русија, Турција, Иран и радикалниот ислам.
Човештвото веќе влезе во раната фаза на новата светска војна, а главните линии на фронтот се Украина и Израел, смета тој.
Тој оценува дека Тајван набргу ќе стане трет фронт.
Тој за новинарот на „Политика“ изјави дека мисли оти Бенјамин Нетанјаху е ужасен премиер, „човек кој е вџашен од вишокот моќ“.
Текстот Бернар-Анри Леви: Човештвото веќе влезе во раната фаза на новата светска војна е превземен од МАКФАКС.






