САД и НАТО изразија уверување дека Турција нема да го одолговлекува членството на Шведска и Финска во Алијансата.
var ai_block_div = document.getElementsByClassName (‘ai-viewports’); ai_insert_code (ai_block_div [ai_block_div.length – 1]);
„Убеден сум дека ќе можеме да одговориме на загриженоста што ја изрази Турција и дека нема да има одложување на приемот на нови членки“, изјави генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг.
Американскиот државен секретар, Ентони Блинкен, не сакаше да зборува за деталите од разговорите одржани зад затворени врати во Берлин, но изрази став сличен на Столтенберг и изрази уверување дека ќе се постигне консензус бидејќи НАТО е „место за дијалог“.
Претходно, финскиот претседател Саули Нинисто потврди дека неговата земја ќе поднесе барање за членство во НАТО, додека владејачката Социјалистичка партија во Шведска соопшти дека ќе го поддржи барањето на земјата за влез во Алијансата.
Турција во текот на неделата ги изненади сојузниците изразувајќи резерви за членството на Финска и Шведска, а денеска ги претстави своите барања на маргините на состанокот на министрите за надворешни работи на НАТО во Берлин. Анкара соопшти дека сака нордиските земји да престанат да ја поддржуваат Курдистанската работничка партија и да го укинат турското ембарго за оружје.