Блинкен: Се додека не се активираат тенковите и авионите, ќе користиме дипломатија

пред 2 години

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен денеска изјави дека се што се случува на теренот околу Украина, вклучително и најавата за продолжување на воените вежби меѓу Русија и Белорусија, сугерира дека светот е на работ на „руска инвазија“ на Украина.

Блинкен за Си-Ен-Ен изјави дека САД до последен момент се посветени на користење на секоја можност за дипломатски да го одвратат рускиот претседател Владимир Путин од „инвазија“.

„Веруваме дека претседателот Путин ја донесе одлуката, но додека тенковите навистина не почнат и авионите не полетаат, ќе ја искористиме секоја можност и секоја минута за да видиме дали дипломатијата сè уште може да го одврати претседателот Путин да продолжи“, рече Блинкен.

Share
Scroll to Top