Љубов Собол, блиска сојузничка на затворениот опозициски лидер Алексеј Навални, денеска на „Твитер“ напиша дека е осудена на една година општествено корисна работа поради насилен упад во приватна сопственост.
⚡️Приговор по моему уголовному делу о попытке поговорить с отравителем Навального Константином Кудрявцевым:
виновна, исправительные работы сроком на 1 год
Тем временем дело о покушении на жизнь Навального по-прежнему даже не возбуждено. #свободуНавальному pic.twitter.com/O6NPDEhIxe
— Соболь Любовь (@SobolLubov) April 15, 2021
Случајот се однесува на инцидент од декември, пренесува агенцијата „Ротерс“.
Судскиот процес против Собол доаѓа во услови на репресија против сојузниците и приврзаниците на Навални, кои организираа неколку митинзи во знак на протест против неговото апсење на почетокот на оваа година.