Болница во Бостон отпушти 200 невакцинирани работници

пред 3 години

Скоро 200 вработени во болница во американската сојузна држава Масачусетс добија отказ бидејќи не се вакцинирале против коронавирусот во одреден временски период.

Вработените во болницата во Бостон, имале рок до 1 ноември за целосна вакцинација против Ковид-19, јавуваат агенциите.

Од раководството на болницата изјавиле дека чекале уште еден месец и на крајот ги раскинале договорите со персоналот кој не бил вакциниран.

„Вакцинирани се 98 отсто од персоналот во болницата, а со тие два отсто што дадоа отпор ја прекинавме соработката“, се вели во соопштението.

Во него се наведува дека приоритет на болницата е да ги заштити персоналот и пациентите и дека отпуштањето на невакцинирани работници е единствената опција.

Во таа болница во Бостон работат околу 15.000 луѓе.

Share
Scroll to Top