Бомбардирано нафтено поле во Ирак

пред 3 години

Две наоѓалишта на нафта се бомбардирани денеска во мало нафтено поле во Ирак, а пожарникарите се обидуваат да го изгаснат пожарот.

Сè уште не е познато кој е одговорен за бомбардирањето на нафтеното поле во Кабаз, на околу 20 километри југозападно од Киркук, според извори на Ројтерс.

Нафтеното поле произведува околу 25.000 барели на ден, додаваат нафтените власти.

Share
Scroll to Top