Борбен авион на Тајван исчезна од радарите – во тек е потрага по пилотот

пред 3 години

Тајванскиот борбен авион Ф-16 исчезна за време на тренинг мисија во странство, а во тек се напори да се најде пилотот, соопшти тајванската влада.

Тајванското Министерство за одбрана наведува дека F-16V, најнапредниот тип на авион во тајванската флота, исчезнал од радарите по полетувањето од воздухопловната база Чиаџи во јужен Тајван, пренесува Танјуг.

Тајванскиот претседател Каи Јинг-вен издаде инструкции да ги вложи сите достапни напори во мисијата за пребарување и спасување и „дополнително да ја разјасни причината за несреќата“, рече претседателскиот портпарол.

Владиниот команден центар за спасување соопшти дека очевидци го виделе падот на авионот во морето, а хеликоптери и бродови го бараат пилотот.

Share