Членките на Европската унија треба да постигнат договор за прашањето за следниот пакет санкции насочени против Русија, кој вклучува блокада на увозот на руска нафта, изјави денеска шефот на ЕУ, Џосеф Борел.
var ai_block_div = document.getElementsByClassName (‘ai-viewports’); ai_insert_code (ai_block_div [ai_block_div.length – 1]);
„Треба да донесеме јавна одлука. Разговори имаше во неделата попладне и ќе ги има денеска пред пладне, како и во текот на целиот ден“, изјави Борел за францускиот јавен сервис „Франс инфо“.
Шефот на дипломатијата на ЕУ верува дека попладнево ќе им биде понуден договор на шефовите на земјите-членки на ЕУ, пренесе Ројтерс.