Борел: Координирајте ги надворешните политики на Западен Балкан и ЕУ

пред 2 години

Министерот за надворешни работи на Европската унија, Џозеф Борел, на работната вечера во Брисел за лидерите од Западен Балкан повтори дека е важно да се координира заедничката надворешна и безбедносна политика, „како централен елемент на европскиот пат“.

var ai_block_div = document.getElementsByClassName (‘ai-viewports’); ai_insert_code (ai_block_div [ai_block_div.length – 1]);

Лидерите од Западен Балкан ја потврдија својата стратешка определба за европска интеграција и поддршка за регионалната соработка, соопшти Европската служба за надворешни работи (ЕЕАС).

Фокусот на работната вечера, наводно, бил на „глобалното и регионалното влијание на незаконската и неиспровоцирана војна на Русија против Украина и нејзиниот народ“ и на тоа како ЕУ и партнерите од Западен Балкан можат заедно да се справат со штетните ефекти на оваа војна врз цените на храната.

„Високиот претставник Борел ја поздрави целосната поддршка на партнерите од Западен Балкан во Генералното собрание на Обединетите нации за резолуциите за руската агресија врз Украина. Високиот претставник ги информираше лидерите за одговорот на ЕУ за поддршка на Украина, вклучително и рестриктивните мерки на ЕУ насочени кон ограничување на способноста на Кремљ да финансира војна. Тој ја повтори важноста од усогласување на заедничката надворешна и безбедносна политика, како централен елемент на европскиот пат“, се вели во соопштението на ЕЕАС.

ЕУ додаде дека на состанокот на Советот за надворешни работи на ЕУ на 13 мај во Брисел ќе се одржи состанок за ситуацијата во регионот и неформална размена на мислења со министрите за надворешни работи од Западен Балкан, пренесуваат светските агенции.

Share
Scroll to Top