Борн: Макрон наскоро ќе објави план за ублажување на ограничувањата

пред 3 години

Францускиот претседател Емануел Макрон најверојатно ќе објави планови за ублажување на ограничувањата наметнати за да се спречи ширењето на Ковид-19 во следните неколку дена, изјави денеска за ТВ БФМ министерката за вработување Елизабет Борн.

Франција, втора по големина економија во еврозоната, го воведе третото национално заклучување на крајот на март по зголемувањето на бројот на заразени и починати од Ковид-19, објави „Ројтерс“.

Макрон се надева дека заклучувањето досега, заедно со кампањата за вакцинација, ќе овозможи повторно отворање на одредени компании и јадење на отворено од средината на мај.

Француските училишта се отворени од вчера по три недели затворање.

Макрон рече дека затворените простори нема да бидат отворени пред јуни, и тоа само во оние региони каде што бројот на заразени со Ковид-19 е намален доволно за да го дозволи тоа.

Share
Scroll to Top