Брамерц: Ратко Младиќ е меѓу најлошите воени злосторници во модерната историја

пред 3 години

Ратко Младиќ е меѓу најлошите воени злосторници во модерната историја, рече главниот обвинител на Механизмот за меѓународни кривични трибунали, Серж Брамерц.

„Тој намерно ја користел својата војска за да убива, мачи и протерува невини цивили“, додаде тој.

Како што изјави, Младиќ се преправал дека ги спасил, за да го оправда своето дело.

„Тој наредил и извршил геноцид, неговото име треба да биде запишано на списокот на најлошите во историјата“, рече Брамерц.

 

Тој кажа дека илјадници осомничени за воени злосторства сè уште треба да бидат испитани и гонети низ цела поранешна Југославија.

Жалбениот совет на Механизмот за меѓународни кривични судови (МИЦТ) со седиште во Хаг денеска донесе конечна пресуда против воениот командант на војската на Република Српска, Ратко Младиќ со која тој е осуден на доживотен затвор.

Share
Scroll to Top