Сите лекари од тимот на Белата куќа добија смртни закани како одговор на пандемијата на коронавирус за време на поранешниот претседател Доналд Трамп, изјави координаторката на тимот Дебора Брикс за „Си-ен-ен“.
На почетокот на епидемијата имаше извештаи дека водечкиот американски експерт за заразни болести, Ентони Фаучи, мораше да ги зајакне безбедносните мерки поради зголемениот број смртни закани, а д-р Брикс тврди дека сите лекари од тимот добиле такви закани.
Според неа, некои од заканите гласеле „На земјата ќе и е подобро да си мртва“, „Лошо управувате со земјата“ и „Треба да ти се отсече јазикот“.
Брикс додава дека нејзините ќерки исто така добивале закани и дека бројни пораки содржеле и сексуални алузии.
Таа изјави дека заканата ја пријавила на Стејт департментот на почетокот, но дека подоцна веќе немала време да се занимава со нив.