Брисел под голем притисок поради Унгарија

пред 3 години

Европската комисија е под зголемен притисок да ги суспендира плаќањата на ЕУ кон Унгарија, во врска со загриженоста за корупција и владеење на правото.

Покрај тоа, Владата на Виктор Орбан е под лупа поради законот во таа земја за ЛГБТ, за кој официјални лица во Брисел велат дека е против европските вредности.

Европратениците од Комитетот за контрола на буџетот ја повикаа претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, да ги суспендира фондовите на ЕУ за Унгарија, со цел да го принудат Орбан да го реши прашањето за политизирани судови и корупција, пренесува „Гардијан“.

Шефот на кабинетот на унгарскиот премиер Виктор Орбан, вчера порача дека залудни се напорите на ЕУ да ја принуди Унгарија да се откаже од новиот закон, со кој се забранува содржина што ја промовира хомосексуалноста во училиштата.

Share
Scroll to Top