Британскиот министер за одбрана: Путин, си играш со оган

пред 3 години

Британскиот министер за одбрана Бен Валас изјави дека рускиот претседател Владимир Путин си игра со оган напаѓајќи нуклеарна централа во југоисточна Украина и го повика да престане да напаѓа такви цели.

Киев објави дека руската армија ја окупирала најголемата европска нуклеарна централа во Запорожје, откако ја нападна рано во петокот.

Во нападот избувнал пожар во објект за обука на пет ката.

„Го повикуваме рускиот претседател целосно да престане да напаѓа такви места. Тоа е неверојатно опасно“, изјави Валас на прес-конференција за време на посетата на Копенхаген.

„Тоа не е опасно за Украина и Русија, тоа е опасно за Европа. Тоа е играње со оган надвор од сè што има врска со логика или потреба“, додаде тој.

Share
Scroll to Top