Британските власти доцнат со издавањето визи за Украинците

пред 2 години

Британската министерка за внатрешни работи се соочува со тужби од Украинци кои поради административни пропусти и доцнења не успеваат да добијат британски визи и се соочуваат со воени опасности и трауми.

var ai_block_div = document.getElementsByClassName (‘ai-viewports’); ai_insert_code (ai_block_div [ai_block_div.length – 1]);

Стотици Украинци се подготвуваат за групна тужба, кои поднеле барање за патување во Велика Британија пред неколку недели, но чии случаи се заглавени во „хаотична“ управна процедура, дознава лондонскиот весник „Гардијан“.

Добротворните организации рекоа дека програмата „Домови за Украинците“ мора итно да се ревидира бидејќи ги загрозува децата и предизвика дополнителна траума покрај „претходната траума поради војната со Русија“.

Откако членовите на британскиот парламент изразија загриженост за украинските семејства кои веќе пет недели чекаат информации за статусот на нивното барање за виза, владата призна дека е свесна дека има проблем.

Според последните официјални податоци, 59.000 луѓе одобриле визи, но се уште не пристигнале во Велика Британија, а само 15% од 74.700 Украинци кои аплицирале за британска помош пристигнале во Велика Британија.

Меѓу 59.000 Украинци на кои им се дадени визи, голем дел не се информирани.

Share
Scroll to Top