Британски борци заробени од Русите го молат Џонсон да организира размена

пред 2 години

На руската телевизија се појавија видеа од двајца заробени британски борци, кои според едни информации биле доброволци, а според други платеници.

Шон Пинер и Ејден Аслин биле заробени во Украина, а на руската државна телевизија побараа од премиерот Борис Џонсон да договори размена со уапсениот олигарх и политичар, Виктор Медведчук. За потсетување, Медведчук беше уапсен од Украинците минатата недела.

Не е јасно колку заробените Британци можеле слободно да зборуваат.

Утрово и Украина објави видео на кое Медведчук го моли Путин да го замени за борци од Мариупол.

Семејството на заробениот Пинер побарало тој да биде третиран како воен заробеник и да се почитуваат меѓународните права.

Share
Scroll to Top