Британскиот генерал Ричард Данат беше началник на Генералштабот на британските вооружени сили од 2006 до 2009 година.
Тој утринава даде интервју за Скај њуз за војната во Украина, велејќи дека ситуацијата „сè повеќе личи на геноцид“ и ги коментираше извештаите за руската употреба на хемиско оружје.
General Lord Dannatt agrees with James Heappey MP’s comments that the alleged chemical attack in Ukraine is ‘beyond the pale but is not beyond possibility’.https://t.co/3m8DWCZy0c
? Sky 501, Virgin 602, Freeview 233 and YouTube pic.twitter.com/RF6YiUbrhn
— Sky News (@SkyNews) April 12, 2022
– Мислам дека е сосема можно Русите во одреден момент да одлучат да употребат хемиско оружје. Мислам дека треба да видиме кој сега командува со руската армија во источна Украина – генералот Александар Дворников, кој стекна застрашувачка репутација во Сирија, рече тој.
Тој додаде дека што се однесува до Сирија, постојат јасни докази дека руските сили користеле хемиско оружје таму, па затоа стравува дека е сосема можно да видат употреба на хемиско оружје.