Британски медиуми: Путин повторно ќе стане татко, неговата љубовница е бремена а тој не е среќен

пред 2 години

Рускиот претседател Владимир Путин наводно чека уште едно дете со својата љубовница, поранешната гимнастичарка Алина Кабаева, јавуваат британските медиуми, повикувајќи се на руски извори. Рускиот претседател наводно веќе има две деца со неа.

var ai_block_div = document.getElementsByClassName (‘ai-viewports’); ai_insert_code (ai_block_div [ai_block_div.length – 1]);

Путин, кој оваа година ќе наполни 70 години, од 2007 година негира дека е во врска со 39-годишната жена. Сепак, парот сега наводно очекува девојче.

„ Веќе објавивме дека Алина Кабаева, партнерката на претседателот на Русија, е бремена. Вчера е откриен полот на нероденото дете – се работи за девојче“ гласи објавата.

Сепак, се вели дека рускиот претседател не бил импресиониран бидејќи во објавата се вели дека веста „воопшто не го израдувала идниот татко и претседател на Русија“, пренесува „Сан“.

Истиот извештај тврди дека кога Путин дознал за веста, мрморел: „ И така имам доволно деца и имам доволно ќерки долго време“.

Според тврдењата, Кабаева била бремена уште во мај.

„ Путин дозна дека неговата љубовница е повторно бремена – и очигледно тоа не било планирано“.

Кабаева последен пат беше видена пред еден месец во црноморското одморалиште Сочи во камп за обука за ритмичка гимнастика со 28 деца.

Приватниот живот на Владимир Путин е обвиен во тајност, па не се знае точно колку деца има. Неговите најпознати ќерки се бизнисменката Марија Вороцова (37) и научничката и поранешна танчерка Катерина Тихонова (35), која ја имал со поранешната сопруга Људмила. И двете беа санкционирани од Западот од почетокот на руската војна во Украина.

Во март 2015 година се тврдеше дека Кабаева родила син во ВИП клиника во Швајцарија, а во 2019 година наводно родила близнаци во Москва. Еден швајцарско-руски гинеколог, наводно, изјавил за швајцарскиот печат во 2022 година дека и двете деца се момчиња, што би значело дека Путин има два сина, на возраст од 7 и 3 години, со Алина.

Наводно, Путин е татко и на младата Јелисавета, која е ќерка на мистериозната Светлана Кривоноги од Санкт Петербург.

Share
Scroll to Top