Британското Министерство за одбрана го објави најновиот извештај од своето воено разузнавање, пренесуваат медиумите во светот.
var ai_block_div = document.getElementsByClassName (‘ai-viewports’); ai_insert_code (ai_block_div [ai_block_div.length – 1]);
Тие навеле дека од 10 јули, руското артилериско бомбардирање продолжува во северниот дел на Донбас, но веројатно без поголем територијален напредок.
„На крајот на јуни, руска медиумска агенција, лоцирана во регионот на Бајкалското Езеро, објави видео на кое сопругите на војниците тврдат дека војниците од 5-та тенковска бригада се психички и физички исцрпени“, според британското разузнавање.
Руското министерство се обидува да го реши проблемот со замор меѓу распоредените сили, според агенциите.
„Ова е веројатно еден од најголемите проблеми на руското Министерство за одбрана бидејќи војниците активно се борат од почетокот на војната на 24 февруари“, објавиле Британците.