Брнабиќ: Во Србија пристигнуваат повеќе од 660.000 вакцини

пред 4 години

Српската премиерка Ана Брнабиќ изјави дека до крајот на април 40 отсто од населението во државата ќе биде вакцинирано барем со првата доза и најави дека повеќе од 660.000 вакцини ќе пристигнат до понеделник.

Во изјава за локални медиуми, таа додаде дека 57.600 дози вакцини „астра зенека“ од програмата Ковакс ќе пристигнат во Србија вечерва, додека во понеделник се очекува да пристигнат 106.470 дози вакцини од „Фајзер“ и половина милион вакцини од „Синофарм“.

„Долго чекавме за системот ‘Ковакс’. Добро е што се организиравме и сериозно размислувавме да имаме билатерални договори со производителите и да добиеме речиси 2,5 милиони вакцини#, рече таа.

Според неа, 1.039.000 луѓе досега ги примиле двете дози на вакцина во Србија.

Таа додаде дека претседателот Вучиќ ќе се вакцинира во вторник со што ќе се отвори вториот круг на вакцинација.

Share
Scroll to Top