Брод погоден од проектил во Црвеното Море, пловел под знамето на Малта и е во сопственост на Грција

Брод погоден од проектил во Црвеното Море, пловел под знамето на Малта и е во сопственост на Грција

пред 12 месеци

Британската агенција за поморски трговски операции (УКМТО) објави нов сериозен инцидент во Црвеното Море, кој се случил на околу 100 наутички милји северо-западно од градот Салиф во Јемен.

Британската поморска безбедносна компанија „Амбри“ објави дека товарен брод  кој пловел под знамето на Малта и е во сопственост на Грција бил погоден со проектил.

Засега не се знае дали има загинати или повредени во нападот, како и големината на штетата. Се уште никој не ја презел одговорноста за нападот, но се претпоставува дека станува збор за нов напад на јеменските исламистички бунтовници Хути.

Текстот Брод погоден од проектил во Црвеното Море, пловел под знамето на Малта и е во сопственост на Грција е превземен од МАКФАКС.