Бројот на заболени од ковид во Англија зголемен за 76,5 проценти за една недела

пред 4 години

Приближно едно од 640 лица во приватни домаќинства во Англија имало Ковид-19 во неделата до 29 мај, што е многу повисоко во однос на едно од 1120-те лица во претходната недела, според Заводот за статистика на Обединетото Кралство (ОНС).

Ова е највисоко неделно зголемување од 1 април 2021 година и претставува пораст од 76,5 проценти, пишува „Скај њуз“.

Велс, исто така, покажува знаци на зголемување на процентот на позитивни на Ковид-19, и приближно еден од 1.050 луѓе бил заразен со коронавирус во неделата до 29 мај, што е повеќе од еден на 3.850 луѓе во претходната недела.

Во Северна Ирска и Шкотска, овој тренд е засега неизвесен, каде што бројот на заразени во недела до 29 мај е во голема мера ист како и претходната недела.

Share
Scroll to Top